Тешко повредена жена откако ја прегазил автомобил на излезот од Кичево

Од:

Вчера околу 10.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот Кичево- Охрид, на излезот од градот во населба „Горица“, патничко возило марка БМВ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.С. (51) удрило во постара жена со исти иницијал, информираат од МВР.

Портпаролот Стефан Димоски посочи дека во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Увидна екипа на ОВР Кичево излегла на местото на настанот, а причините за несреќата и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он