Аризона ја тужи федералната влада поради обврзната вакцинација

Од:

Аризона стана првата сојузна држава што поднесе тужба против централната влада поради одлуката на претседателот Џо Бајден за обврзна вакцинација на федералните службеници и компаниите со 100 или повеќе вработени.

Чекорот е со цел да се девалвира одлуката на Бајден, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Генералниот обвинител на Аризона, републиканецот Марк Брнович изјави дека тужбата е против „неуставната“ одлука на претседателот, кој е демократ.

– Федералната влада не може да им кажува на луѓето да се вакцинираат поради Ковид-19. Администрацијата на Бајден повторно глуми со нашите закони и создава преседани за промоција на својата радикална агенда, изјави Брнович за американските медиуми.

Генералниот обвинител на Аризона започна постапка во окружен суд со барање одлуката за обврзна вакцинација да се прогласи за неуставна.

Указот на Бајден е обврзна мерка за вакцинација во време кога бројките на случаи на коронавирусни инфекции поради сојот „делта“ во САД се зголемуваат.

Според наредбата, вработените во компании со кадар од 100 и повеќе треба да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно. Работодавачите кои не ги исполнуваат овие барања се соочени со казни во висина од 14.000 долари за секое нарушување.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хорор на езеро во Аризона: Девојче загина, мајка и ја прегазила со чамец додека пливала

Мечка уби човек додека пиел кафе во домот во Аризона: Го влечкала 20 метри па го искасапила

Катерина Ѓуровски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Пукање во Аризона, седум ранети, напаѓачот во бегство

Ана Ололовска