Премиерот Заев го прими амбасадорот на Аргентина Атанасоф: Имаме потенцијали за воспоставување мостови за долгорочна соработка

Од:

Премиерот Зоран Заев го прими амбасадорот на Аргентинската Република во нашата земја, со седиште во Софија, Алфредо Нестор Атанасоф.

Премиерот Заев на средбата ги истакна традиционално пријателските односи меѓу двете земји, особено на мултилатерален план каде што Северна Македонија и Аргентина споделуваат взаемна поддршка околу заеднички интереси.

„Без разлика на географската далечина, истакна премиерот Заев, време е двете земји да ги поттикнат билатералните односи за што постојат потенцијали на двете страни, кои можат сериозно да ја зајакнат соработката на економски план, особено во земјоделието.

Амбасадорот Атанасоф на премиерот Заев му ги пренесе поздравите на премиерот и на министерот за надворешни работи на Аргентина, која целосно ја поддржува аспирацијата на Северна Македонија во ЕУ, и потенцираше дека неговата посета има за цел да воспостави долгорочни мостови за соработка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека двете земји многу бргу ќе ги подготват сите неопходни меморандуми и договори за брза и ефикасна реализација на утврдените потенцијали за соработка.

Претседателот на Владата Заев предложи во текот на првата половина на идната година Северна Македонија да биде домаќин на делегација на стопанските комори на Аргентина за да се поврзат бизнисмените од двете земји, што амбасадорот Атанасоф го оцени како особено добредојдена иницијатива и заради фактот што во неговата земја има интерес за заеднички инвестиции во нашата земја поттикнат од поволните политики за поддршка на директните странски инвестиции“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот