Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски, денеска оствари работен состанок со Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на РСМ, на кој се дискутирало за организација на индивидуални посети на компаниите членки на комората, со цел подигнување на свеста за бенефитите од заштита на правата на индустриска сопственост.
Од Заводот истакнаа дека воедно, преку тие активности компаниите ќе ја осознаат улогата на заштитата во унапредување на нивните бизнизи, како и постапката за заштита, за која ДЗИС обезбедува соодветна поддршка.
– Дополнително, експерти од областа на индустриска сопственост ќе објаснуваат како може да се користат електронските меѓународни бази на EPO, WIPO и EUIPO за следење на светските трендови кај иновациите и новите технологии во светот, истакнаа од ДЗИС.
Посетите ќе се изведуваат во секоја компанија индивидуално и се целосно почитување на мерките за заштита од КОВИД-19