Фон дер Лајен во Македонија на 28 септември

Од:

Од дипломатските служби во Брисел потврдуваат дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети и Северна Македонија до крајот на овој месец.

Според првичните информации, претседателката ќе ја посети Северна Македонија на 28 септември, на ист ден со Албанија, на 29-ти таа ќе отпатува за Косово и Црна Гора, а посетата ќе ја заокружи на 30-ти со Србија и Босна и Херцеговина

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур најави дека до крајот на овој месец ќе го посети Западниот Балкан со цел да донесе силна порака на поддршка за приклучување на регионот кон Европската Унија.

Од Европската комисија потврдија дека претседателката ќе ги посети сите шест земји од регионот вклучително и Северна Македонија.

Како што објаснуваат изворите, во Брисел посетата сѐ уште се подготвува и нема детали за програмата за сега.

Претседателката оваа посета ја организира една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Брдо, Словенија и чија цел е да се потврди поддршката на ЕУ за регионот како што тоа беше случај со самитот во Софија, а потоа и во Загреб, под бугарско, односно хрватско претседателство.

– Овој самит ќе биде важна прилика не само да се потврди европската перспектива за Западен Балкан и нивната натамошна интеграција, туку и да се даде дополнителен поттик за имплементацијата на Економскиот и инвестициски план, кој е срцето на нашиот ангажман со регионот, изјавија од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија