Воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, е еден од проектите во рамките на дигитализација на услугите на Министерството за информатичко општество и администрација и Владата, соопшти МИОА.
Со тоа, како што посочуваат, ќе се овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.
– Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи. Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети, вели министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.