Белгија не предвидува трета доза вакцина засега

Од:

Белгискиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, изјави дека трета доза на вакцина за населението не е на дневен ред во Белгија за сега, главна причина е меѓународната солидарност, јави дописничката на МИА од Брисел.

Единствени групи кои се повикани да примат бустер доза против Ковид-19 се лицата со специфични имунолошки состојби, пациенти на хронична дијализа, серопозитивните лица, како и лицата заболени од рак.

Освен за овие најранливи групи граѓани, министерот за здравство смета дека за сега научните податоци не оправдуваат трета доза вакцина за генералното население, иако тој не ја исклучи опцијата за во иднина доколку се променат научните податоци.

Министерот смета дека фокусот треба да биде на земјите во развој кои немаат доволно пристап до вакцини.

-Посоодветно е да се организира вакцинација на населението во земјите во развој наместо да се аплицира трета доза кај нас, ова е прашање на меѓународна солидарност, рече министерот Ванденбрук.

Ова е ставот и на меѓународната научна јавност која смета дека нема додадена вредност од трета доза во однос на вакцинирање на населението во сиромашните земји.

Неодамна ваков апел упати и Светската здравствена организација барајќи од богатите земји да не ги задржуваат вакцините за трета доза на нивното население туку да покажат солидарност со сиромашните земји, главно во Африка и Јужна Америка, кои се далеку од целите на имунизација за да се спречи мутација на вирусот.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on