Советот за безбедност при Обединетите нации најостро го осуди бомбашкиот напад во шиитското предградие во Бејрут, во кој загинаа 15 лица.
Во соопштението кое што синоќа едногласно го усвоија членките на Советот за безбедност, ги повикуваат Либанците да го сочуваат националното единство и се истакнува дека е значајно Либан да се воздржи од евентуално мешање во сириската криза.
Американската амбасадорка при ОН, Розмари Дикарло, рече дека членките изразиле благодарност до либиската влада и народот поради прифаќање на околу 590.000 сириски бегалци.
Елена Георгиевска