Лорен Блан, новиот тренер на Пари Сен-Жермен, со пораз ја започна својата мисија во францускиот шампион.
ПСЖ во пријателски натпревар вчеравечер загуби на гостувањето во Грац против Штурм со 3:1. Стрелци на головите за австриската екипа беа Бериќ, Ѓурицин и Вујадиновиќ, а единствениот гол за гостите го постигна Онгенда.
Блан оправдување за поразот може да бара во некомплетноста на неговиот тим. За парижаните не настапија најголемите ѕвезди како што се Златан Ибрахимовиќ, Тиаго Силва и Езекиел Лаваци.