Чилеанскиот интернационалец во Јувентус, Артуро Видал, изјави дека е чест да се игра за Реал Мадрид, но и тоа дека и следната сезона останува во Јувентус.
По одличните настапи за италијанскиот шампион, интерес за Видал покажа Реал Мадрид.
– Голема чест е да се игра за Реал и нивното интересирање за мене претставува признание за добрите настапи. Сепак прво сакам да ги освојам сите титули со Јувентус, „Скудетото“, „Копа Италија“ и „Лигата на шампионите“, а потоа ќе размислувам за промена на средината. Иако го немам продолжено договорот, сеуште имам важечки договор со мојот сегашен клуб, изјави Видал.
26-годишниот Чилеанец во Јувентус е од 2011 година. Во 33 натпревари има постигнато седум голови. Професионалната кариера ја започна во Коло Коло, а играл и во Баер Леверкузен.
Од 2007 година член е на чилеанската репрезентација за која има три погодоци во 37 настапи.