Мизрахи: Оставка на Филипче е изнудена, потребана е кривична одговорност

Од:

Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е. Да ја чувствуваше ќе си дадеше оставка уште првиот ден по несреќата. Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи рече на прес конференција Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани.

„Потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана. Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи. Каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците?
Како се градени модуларните болници? Со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и дали болниците имаат употребна дозвола? Зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат? Зошто роднини на болни биле во болницата и дали се работи за недостаток на медицински персонал наспроти уверувањата на Филипче и Заев во текот на целата здравствена криза дека се под контрола и дека институциите имаат сопствен капацитет во справувањето со предизвиците? Ова се вистинските прашања на јавноста за кои очекуваме одговори. А не дали Филипче го чувствува она што се подразбира дека треба да го има а тоа е морална одговорност“ – вели Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања