ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребна е оставка од Заев

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат по обраќањето на министерот за здравство Венко Филипче во кое поднесе оставка од функцијата.

„Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот. Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од таму порачуваат дека е потребна вистинска одговорност.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка: Заминувам со крената глава и со чиста совест

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски