Властите во Саудиска Арабија се заканија дека ќе ги протераат немуслиманските странски државјани кои пијат, јадат и пушат во јавност за време на Рамазанскиот пост, кој почна денеска.
Немуслиманското население во земјата мора да ги почитува чувствата на муслиманите, воздржувајќи се од храна, пијалок и пушење на јавни места, на улица или на работно место.
Тие кои нема да го почитуваат ова ќе бидат предмет на драстични мерки, меѓу кои и прекин на работниот договор и протерување од земјата, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.
Министертсвото наведува и дека фирмите, корпорациите и поединците се должни за тоа да ги известат своите вработени.
Од вкупно 27-те милиони жители во Саудиска Арабија, околу осум милиони странци, повеќето од азиско потекло.