Невработеноста најголем проблем во Европа

Од:

Борбата против високата невработеност е главна задача на Европјаните дури и во државите со ниска стапка на невработеност, како што е Германија, сметаат повеќето анкетирани Европјани.

Во истражувањето „Предизвик на Европа 2013“, која ја спроведе институтот Гфк Вереин, се наведува дека повеќе од 13.300 анкетирани во дванаесет држави сметаат дека невработеноста е најголем проблем, кој мора да се реши што поскоро.

Во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Полска, Австрија, Велика Британија, Белгија и Шветска невработеноста е една од најголемите грижи на граѓаните.

Дури 72 проценти од анкетираните во Шпанија изјавиле дека се најзагрижени поради високата стапка на невработеност, а во Франција 69 проценти.

Во Велика Британија 24 проценти од испитаниците сметаат дека невработеноста е суштински проблем во нивната држава.

Само во Русија и Холандија невработеноста не е препознаена како еден од главните проблеми во државата. За нив проблем се инфлацијата, куповната моќ и економската стабилност.

Меѓутоа во најновата анкета 32 проценти Германци како најголем проблем во државата ја навеле невработеноста, додека во 2010 година 66 проценти од нив биле преокупирани со тој проблем, а во 2006 година дури 80 проценти.

Седум проценти од анкетираните Европјани корупцијата ја сметаат за голем проблем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он