На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Од:

До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК.

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected]  се поднесени вкупно 73 барања..

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак, до 19 треба да достават евентуални барања за негова корекција.

До 24 септември ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список, а најдоцна до 1 октомври да го потпише.

Во сабота на 11 септември на полноќ, пак, завршува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори до Општинските изборни комисии.

Официјално кампањата за локалните избори започнува на 27 септември, но многу од кандидатите за градоначалници веќе се среќаваат со своите поддржувачи и граѓаните.

Во меѓувреме тече рокот за поднесување барања до ДИК за набљудување на локалните избори.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ја започна својата работа, а на средбата во ДИК нивни претставници веќе имале можност да ги видат и терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти, што за првпат ќе се применат на избори во земјата.

Би можело да ве интересира

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Горан Наумовски

ДИК не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања