Меркел на 13 септември во Белград, на 14-ти во Тирана со лидерите од Западен Балкан

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник, на 13 септември ќе го посети Белград, објавен е на веб-страницата на канцеларката.

Меркел во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кој, како што е најавено, ќе разговара за политичката и економска соработка, како и за евроинтеграциите. Планирана е и прес-конференција по состанокот.

Таа во Белград ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество од шест земји од Западен Балкан.

Следниот ден, во вторник на 14 септември, Меркел ќе замине во Тирана, каде ќе разговара за истите теми, како и во Белград, со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Пред да се врати во Берлин, се наведува во соопштението, канцеларката ќе оствари билатерални разговори со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

Авион со тешко повредени од Кочани слета во Батајница, веднаш се пренесен во болница