Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

Од:

До четврток на полноќ граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат, а веќе подолго време се одвива неофицијална кампања со средби со граѓани и на социјалните мрежи.

Во Избирачкиот список до саботата се провериле вкупно 12128 лица, соопшти Државната изборна комисија. Дотогаш се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 42 барања.

Граѓаните може да ги проверат своите податоци во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку нивната веб-страна.

Избирачкиот список потоа се доставува до политичките партии, а во него треба да бидат внесени и податоци од МВР за лица кои имаат барања за нови лични карти, од Управата за санкции и од МТСП за лицата во старските домови. Избирачкиот список се заклучува најдоцна до 24 септември, а треба да биде потпишан најдоцна на 1 октомври.

Своите кандидатури партиите и независните кандидати треба да ги достават до општинските изборни комисии до 11 септември на полноќ.

Изборната кампања за првиот круг од локалните избори започнува на 27 септември и ќе трае до 15 окотомври на полноќ.

На овие избори првпат во земјата ќе се користат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 пристигнаа во земјава, а ДИК треба да започне со обука за нивно користење. Компанијата „Дермалог“ сите терминали треба да ги достави во земјата до 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 избирачи

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350

Горан Наумовски

Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат

Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он