Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

Од:

Демократскиот сојуз ги повикува сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно да го прочистат од „фиктивни гласачи“.

– Во оваа насока посебно ја нагласуваме одговорноста на Државната изборна комисија, како и на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Прочистувањето на избирачкиот список од можни фантомски гласачи, потоа од гласачи кои се иселиле од Македонија односно немаат постојано живеалиште во државата, како и од сите оние кои го изгубиле законскиот основ да бидат на избирачкиот список е законска обврска на ДИК. Согласно објавените резултати од пописот во 2021 година вкупниот број на население во Македонија изнесува 1. 836.713, додека на избирачкиот список се запишани 1.824.864 гласачи (Список на гласачи за локалните избори -2021). Нелогичностите се очигледни и ако се додадат и над 260 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат