Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Од:

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем.

– Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија. Очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени. Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.

Недозволиво е правосудството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи кои би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите. Ја повикуваме Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение кое ќе обезбеди:

– целосно почитување на јазичните права на сите заедници;

– задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на правосудни функции;

– зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата.

Република Македонија има потреба од стабилност, владеење на правото и меѓуетничка доверба, а не од политички сценарија базирани на поделби и конфликти, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа