Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека заклучно со 13 март, во нивните подрачни одделенија и канцеларии, увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 4.527 лица.

Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 13 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и петмина поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Од ДИК соопштија дека преку електронски пат, заклучно со 13 март, се провериле вкупно 13.056 граѓани. Поднесени се 24 барања за промена на податоци, пет барања за бришење на податоци и девет барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

-По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1288 пријави од кои 887 се прифатени, 137 се одбиени и 264 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната
www.dijaspora.sec.mk, се вели во соопштението на ДИК.

Оттаму потсетуваат дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци од страна на граѓаните ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година, 24 часот.

-Апелираме, граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок, потенцираат од ДИК.

Би можело да ве интересира

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

На локалните избори ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

А1он

ДИК треба да го заклучи Избирачкиот спсисок

А1он

Вкупно 14.921 лице извршиле увид во избирачкиот список

Ана Ололовска

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори