Полицијата останува на плоштадот Таксим во Истанбул каде синоќа стотина демонстранти беа растерани со водени топови и солзавец од паркот Гези.
Властите привеле околу 80 демонстранти, јавуваат западни медиуми. Движењето Солидарност за Таксим тврди дека се уапсени 35 нивни активисти. Тие повикаа и денеска на нови демонстрации во паркот Гези.
Ситуацијата во моментот е мирна, полициски патроли продолжуваат да патролираат во улици каде се засолнети демонстрантите. На неколку булевари во градот имаше протести во кои учесниците ги осудуваа акциите на властите и бараа оставка од Владата.