(ВИДЕО) Ѓукановиќ: Во Цетиње бевме сведоци на големиот срам на Српската православна црква и на Владата на Црна Гора

Од:

Денеска на Цетиње бевме сведоци на големиот срам на Српската православна црква и на Владата на Црна Гора, срамота без преседан во долгата историја на црногорската држава, и подеднакво во историјата на целокупното православие, рече црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во обраќањето до јавноста.

„Со брутална злоупотреба на државните ресурси, првенствено армијата и полицијата и целосно несоодветна употреба на сила против мирно собраните граѓани, црногорската влада обезбеди насилно устоличување на митрополитот Јоаникиј, против волјата на огромното мнозинство граѓани на Цетиње и значителен број граѓани на Црна Гора. Само човек без достоинство би дозволил да биде внесен во манастирот Цетиње на таков начин со десантно слетување хеликоптер и под заштита на панцири на тој начин да го посрамоти тронот на Св. Петар Цетински“.

„Цетиње уште еднаш беше на висина на задачата, како што беше многупати во историјата на Црна Гора“, рече тој.

Според него, мирно собраните граѓани на Цетиње на одлучен и одговорен начин ја заштитиле честа и достоинството на својот град и нивната земја.

Би можело да ве интересира

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Истрага „Пандора пејперс“: Интерпол ги бара парите на Ѓукановиќ

Горан Наумовски

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска