Шилегов: Ќе чекам да видам до каде ќе оди опозицијата со лажење, па ќе објавам документи

Од:

Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата потврдувајќи дека неговата семејна куќа во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата, а потоа ќе ги презентира сите документи.

-Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција, рече Шилегов.

Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.

-Кога од позиција на градоначалник на Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост скоро завршен, еден мост започнат, ќе уредите јавни простори што можеби никој не помислил дека можеле некогаш да бидат уредени, ќе изградите 110 км велосипедски патеки со сериозна разлика, ќе изградите капацитет како што е Лајка со цел стретшки да се реши среднорочно пробчемот со кучињата скитници, ќе ја вратите Дрисла од еден обид за криминална приватизација во сопственост на граѓаните многу е логично опозицијата во предворјето на изборите да се обидува да ја дефокусира јавноста на проблеми што не се врзани со престојните избори, а кои се врзани лично со градоначалникот Шилегов, рече тој.

Шилегов повика да се зборува за Скопје, а не лично за кандидатите за градоначалници бидејќи на граѓаните, како што кажа, им е доста од омраза и поделби.

За гужвите во автобусите во време на пандемија и за тоа кој донел одлука ЈСП да вози по неделен возен ред, градоначалникот рече дека таква одлука не е донесена.

-Она што замолувам секој корисник на ЈСП да се придржува на мерките кои што ги препорачува Комисијата и Министерството за здравство, повика Шилегов.

Градските автобусите сега сообраќаат во редовен режим, а од понеделник со редовен возен ред ќе бидат и приградските автобуси.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски