Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

Од:

Историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт се уникатните туристички доживувања кои може секој турист да ги доживее прекугранично во регионите на Пелагонија и Корча. Ова се овозможува преку проектот Смарт-Кул-Тур финансиран од ЕУ и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа од Програмата ИПА 2 за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020.

– Smart-Cul-Tour е партнерство кое претставува акцелератор кој го поттикнува туризмот, го промовира и заштитува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча. Во партиципативен и консултативен процес развиени се 5 уникатни и атрактивни туристички понуди и нивни варијации, за групен и индивидуален туризам во овој регион. Шестата туристичка понуда е најинтересна и најпривлечна понуда која патникот/ туристот може сам да си ја креира директно преку туристичката агенција ЈК Травел, велат од Смарт-Кул-Тур.

Оваа активност ја збогати туристичката понуда во прекуграничниот регион, откри и вклучи нови дестинации, заборавени или скриени аспекти на заедничкото наследство, истовремено подигнувајќи ја јавната свест кај луѓето во заедницата за важноста на културата и културното наследство.

– Граѓаните и заедницата од регионот се активно вклучени и дадоа свој придонес во оваа приказна. Локалните жители станаа активни туристички оператори, нивните приказни, животи, вештини, како своевидни атракции за туристите, ги надополнуваат знаменитостите од туристичката понуда во регионот. Нивното искуство е непроценливо, а промената во животот на локалните жители е немерлива, додаваат од проектот.

Со спроведувањето на оваа активност Смарт-Кул-Тур ги истакнува резултатите од проектот, инфраструктурата во комбинација на културното наследство и модерната технологија кои се дел од новите туристички пакети. Голема придобивка од оваа активност е започнувањето на деловна соработка помеѓу туристички оператори од двете земји и зголемен број посетители во целните региони што ќе овозможи одржлив развој на локалната економија. Носител на проектот е Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело