Честитка од претседателот Иванов по повод рамазанските пости

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман  Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во државата, посакувајќи им да ги поминат во мир, здравје и благосостојба, во духот и традицијата на нивната вера.

– Возвишениот месец Рамазан е време на молитва, духовно прочистување, љубов и хуманост. Од изгрејсонце до зајдисонце, Вашата истрајност и посветеност на верата и молитвата се почитувани од сите граѓани и религиозни групи во Република Македонија. Верувам дека токму рамазанските пости ќе бидат инспирација за натамошно градење на мирна, демократска и просперитетна Република Македонија, во која соработката и соживотот се секојдневие и трајна вредност, се вели во честитката.

Тој со уверување дека ИВЗ и натаму ќе придонесува за верскиот и етничкиот соживот во државата.

– Во оваа пригода би сакал да ја потенцирам мојата увереност дека и во иднина, Исламската верска заедница ќе продолжи со својата активност да придонесува Република Македонија и понатаму да биде пример за заедничко живеење во мир и меѓусебно разбирање, и почитување на сите граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност. Од сè срце посакувам рамазанските пости да ви бидат исполнети со хармонија и со радост да го дочекате големиот празник Рамазан-бајрам, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска