(ВИДЕО) Рама жесток кон бугарскиот претседател Радев: Одблокирајте ни го патот, па после блокирајте колку сакате

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев, велејќи му „Одблокирајте го патот“.

Неговите зборови се однесуваат на бугарската блокада на преговорите за членството на Македонија во Европската Унија.

„Ве молам, вие Бугарите не бидете чисти европјани, бидете балканци. Отворете го патот, отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? Отворете го патот за разговори, а потоа пак блокирајте како вистински балканци“, рече Рама.

Тој своето мислење за идните проширувања на Европската Унија го кажа преку виц.

„Некој сретнал ЕУ оптимист и ЕУ песимист. Го прашал ЕУ оптимистот што мисли за проширувањето, а тој му одговорил дека Турција ќе влезе во ЕУ или за време на северномакедонското или албанското претседателство. Потоа ЕУ песимистот на истото прашање одговорил дека и Македонија и Албанија ќе влезат во ЕУ за време на турското претседателство“, рече Рама.

На годинешниот Бледски стратешки форум во Словенија, учествуваат многу шефови на држави и влади од регионот и Европа, официјални највисоки претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

Би можело да ве интересира

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он