Вархеји: ЕУ не смее да го изневери Западен Балкан, нема време за чекање

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави во Блед дека Европската Унија не смее да си дозволи да го изневери Западен Балкан и дека нема повеќе време за чекање.

– Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми за Западен Балкан. Имаме свеж пример – Авганистан. Авганистан е далеку, но Западен Балкан е тука. Нашата одговорност кон Балканот е поголема отколку кон Авганистан. Не можеме да си дозволиме да го изневериме Западен Балкан, истакна Вархеји на панелот „Иднината на Европа“ во рамки на 16. Бледски стратешки форум.

Тој додаде дека Европската унија треба со „сензитивна моќ“ да ги мотивира земјите од Западен Балкан, но мора да постои и мотивација во самите држави.

– Мора да бидеме одлучни да ја одржиме таа мотивација и да увериме дека понудата која ја ставивме на маса е искрена. На тој начин можеме да ги забрзаме работите. Авганистан ни одржа лекција и немаме повеќе време за трошење, рече еврокомесарот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки