Заев на средба со словенечкиот претседател Пахор: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

„Словенечкиот претседател Пахор на средбата го афирмираше ставот на неговата земја дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа“, велат од Владата.

Премиерот Заев потенцирал дека Европа препознала дека граѓаните на Македонија покажале храброст и ги прифатиле европските вредности и дека земјата направила сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.

Тој ја поздравил определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето.

„Двајцата соговорници на средбата, премиерот Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Пахор, истакнаа дека Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија и дека словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Пахор потврди дека е заинтересиран за функцијата претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on