ЕК: Здруженијата на новинари не треба да бидат предмет на притисоци

Од:

Европската комисија реагираше на судирот меѓу Здружението на новинарите (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Спорд Петер Стано портпарол на Европската комисија, ниту едно здружение или неговите членови не треба да бидат предмет на притисоци, а истите ако постојат треба да бидат осудени. Ова се однесува на последните меѓусебни префрлување меѓу ЗНМ и МАН, во кои ЗНМ ја обвини власт дека притиска новинари да се зачленуваат во МАН.

„Новинарите имаат демократско право да формираат и да учествуваат во здруженија кои тие ги чувствуваат за најблиски до сопствените верувања“, потеницраше портпаролот на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март