Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне умерено до значително облачно со краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за неколку степени. Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.