Николов: Размислуваме само на Финска

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација за два дена го започнува настапот на Европското првенство, второ по ред. Прв ривал на „црвено-жолтите“ е домаќинот на групата во Тампере, репрезентацијата на Финска.

– Групата речиси цела се повтори освен две репрезентации коишто се променија, но можам да се согласам со забелешката дека сме помирни, ја нема таа еуфорична трема како тогаш. Би било добро сега да започнеме со победа, па да видиме како ќе се развиваат настаните натаму. Сега размислуваме само за Финска затоа што така е најпаметно без оглед дали играме квалификации, Европска лига, или, пак, Европско првенство. Размислуваме натпревар по натпревар бидејќи веќе сме искусна екипа и нема зошто да се залетуваме. Напротив, ќе одиме полека, изјави средниот блокер Ристо Николов.

Покрај македонската и финската селекција, во групта се и репрезентациите на Шпанија, Русија, Холандија и Турција.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Познати противниците на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022

Ана Ололовска

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Ана Ололовска