Сребро за Ристе Пандев во Денизли

Од:

На Балканското првенство за млади атлетичари во Денизли, Турција македонскиот натпреварувач Ристе Пандев на 100 метри го освои 2.место со време 10.85 секунди.

Македонската штафета 4 х 100 метри (Пандев, Рамадани, Голубиќ, Беќири) постави нов младински рекорд на Македонија со резултат 43.28 секунди.

ristepandev2mesto

Останатите наши атлетичари имаа резултати во рамки на своите можности:

100 метри – Валбона Селими 13.34 секунди – 7.место;
400 метри со пречки –  Дрита Ислами 1:07.38 – 5.место;
трискок -Матеја Ефремовска 10.43  метри – 5.место;
400 метри -Сермендие Љатифова 1:02.36 минута – 5.место;
диск – Анастасија Елеонова 32.01 метри – 6.место.

Покрај резултатот на Пандев и штафетата од македонските атлетичарии резултат остварија и:

400 метри – Бујар Беќири 51.81 секунди – 6.место;
скок во далечина – Матеј Милковски 6.04 метри – 6.место;
скок во височина –  Никола Зарковски 193 сантиметри  – 4.место.

Натпреварите на шампионатот продолжуваат и денеска.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди