Пукано на италијански воен авион за време на евакуацијата од Кабул

Од:

За време на евакуацијата од Авганистан, денеска е пукано на италијански воен авион кој полета од аеродромот во Кабул, но веднаш беше соопштено дека ниту авионот ниту неговиот екипаж не претрпеле никаква штета.

Според италијанскиот весник „Стампа“, било пукано кога авионот „Ц-130Ј“ веќе ги одвоил тркалата од пистата на аеродромот „Хамид Карзаи“.

Во авионот имало новинари и 98 цивили.

Авионот веднаш ја продолжил планираната рута и се упатил кон воздухопловната база Ал Салем во Кувајт, од каде што луѓето ќе го продолжат патувањето за Италија.

Би можело да ве интересира

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Најмалку четворица мртви во експлозија во џамија во Кабул