Ница натпреварот со Бордо ќе го одигра без публика

Од:

На вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на француската професионална фудбалска лига, одлучено е Ница саботниот дуел со Бордо на домашен терен да го игра без публика поради немирите предизвикани од нејзините навивачи на средбата со Марсеј.

Казна доби и кондицискиот тренерот на Марсеј, Пабло Фернандез. Тој е суспендиран од сите професионални функции поради удирање навивач на Ница за време на немирите на теренот.

Ница покрај казната без публика, ќе добие и дополнителни санкции кои ќе бидат утврдени на следниот состанок на комисијата закажан за 8 септември. Тогаш ќе се одлучи и за евентуална казна за Марсеј кој одби да го продолжи мечот кога се смири ситуацијата.

Да потсетиме, на крајот од второто полувреме на натпреварот Ница – Марсеј, настана тепачка на теренот со учество на навивачи и фудбалери. Домашните фанови фрлија шише кон играчот од средниот ред на Марсеј, Димитри Паје. Фудбалерот го фрли шишето назад во публика, по што лутите навивачи истрчаа на теренот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска