Бенет: Додека сум јас премиер нема да има анексија, ниту палестинска држава

Од:

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет пред средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, изјави дека тој нема да го анектира Западен Брег, ниту ќе дозволи палестинска држава.

Тој во интевју за Њујорк тајмс истакна дека составот на неговата коалициска Влада од левичарски и десничарски партии укажува дека на дневен ред не се драстични чекори во ниту еден правец.

– Јас сум премиер на сите Израелци и тоа што го правам сега е изнаоѓање на средина, како да се фокусираме на тоа за што служиме, посочи Бенет.

Израелскиот премиер ќе се сретне со Бајден во моменти на тензии со Иран и со обновеното насилство на израелската јужна граница со Појасот Газа.

Тоа е прва посета на Бенет откако во јуни беше избран за премиер. Предвидено е да се сретне и со американскииот државен секретар Ентони Блинкен и со секретарот за одбрана Лојд Остин.

Во соопштението од кабинетот на Бенет се наведува дека приоритет на средбата со Бајден ќе биде Иран, а ќе разговараат о за израелската воена предност во регионот, за пандемијата и за економски теми.

Бенет претходно се изјасни против обнова на нуклеарниот договор со Иран.

Би можело да ве интересира

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски