ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и како се поврзани Шилегов и Богоев?

Од:

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него? Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје прашуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара? Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? Колку чини овој шверцерски ДУП? Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите