Единицата за борба против криминалот (Алфи) при вршење на редовна мотопатролна дејност во текот на јуни легитимирале 854 лица, а по разни основи привеле 365 лица.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека бил направен преглед на 100 патнички моторни возила.
По 26 лица се приведени по основ на телеграми, потраги, гласник, Наредба од Основен суд, под сомнение за извршено кривично дело-54, по извршено кривично дело-24, на лице место во вршење на казнено дело-седум, за издржување казна затвор и утврдување идентитет по осум лица, странски државјани со нерегулиран престој-10 и едно лице за недозволени предмети.