Милан работи на еден проект во кој важна улога има Марио Балотели. Тој во блиска иднина нема да го напушти клубот.
„Супер Марио“ е среќен на „Сан Сиро“, изјави Мино Раиола, менаџерот на италијанскиот репрезентативец по информациите дека може да замина во Реал.
Според италијанските медиуми, Милан ја одбил понудата на Реал Мадрид за продажба на својот напаѓач. Имено, новиот тренер Карло Анчелоти упатил барање до раководството да се доднесе Балотели на „Сантијаго Бернабеу“.
– Балотели во моментов сигурно останува во Милано, а големите играчи каков што е Марио порано или подоцна секако ќе се најдат на пазарот, рече Раиола.
Балотели изминатата полусезона во Милан дојде од Манчестер Сити за сума од 20 милиони евра.