Вооружени американски борбени авиони денеска прелетаа над Кабул за да ја следат безбедноста на евакуацијата во тој град, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој на брифингот со новинарите прецизираше дека авионите-ловци не изведувале ниски летови над главниот град на Авганистан.
Генерал мајор Вилијам Тејлор истакна дека сега се отворени неколку порти на меѓународниот аеродром во Кабул и досега се евакуирани околу 7.000 луѓе.
Според него, повеќе од 5.200 американски војници ја следат евакуацијата на аеродромот во Кабул.