Меркел: ЕУ не треба да ги затвора очите пред американското шпионирање

Од:

Европската унија треба да се потруди да постигне напредок во преговорите за слободна тргоија со САД, но не смее да ги затвора очите пред американските тајни програми за шпионирање на нејзините инстируции и граѓани, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел.

Според Меркел, соработката со разузнавачките служби на САД во спречувањето на напади во Германија, не може да биде оправдување за американското шпионирање на ЕУ.

– Пријателите не се прислушуваат. Студената војна заврши, нагласи Меркел во обраќање на собир на нејзината владејачка Христијанско демократска унија (ЦДУ), воочи преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, закажани за следната недела во Вашингтон.

Изјавата на Меркел, следи откако нејзиниот сопартиец, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, оцени дека не терба да се прават избрзани заклучоци во врска со скандалот со американското следење на комуникациите.

– Во моментов има посериозни закани по безбедноста од собирањето на податоци од телефонските разговори и интернет комуникациите, изјави Шојбле во интервјуза весникот „Тегесшпигел“.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“