Кинеските власти им препорачаа на жителите долж реката Хеџианг на југот од Кина, да не ја користат речната вода, бидејќи во неа се откриени големи количества на две отровни хемикали.
Предупредувањето уследи откако во водата на реката, која меѓу остатантото се користи и за пиење, биле забележани угинати риби. При поверката на водата било утврдено присуство на талиум и кадмиум.
Во предупредувањето, жителите на округиот Фенгкаи се советуваат да не ја користат водата за никакви потреби, како и да не конзумираат риби од реката.
Талиумот е екстремно отровна супстанца, а кадмиумот е еден од најштетните загадувачи на животната средина.
Засега нема информации како овие хемикалии се нашле во водите на реката Хеџианг, која е главна притока на Сиџианг од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на повеќе градови во јужна Кина, меѓукои и на Макао и Џухаи.