Поради нанесување штета на спонзорот „Адидас“ раководството на Баерн Минхен ги казни Марио Гомез, Марио Геце и младиот играч Јан Кирхоф.
Тројцата играчи на „Баварците“ во јавност се појавија во облека од марката „Најк“, конкурентски бренд на „Адидас“.
Геце престапот го направи на неговото претставување во Минхен кога се појави во маица „Најк“ исто како и Кирхоф, додека Гомез на подготовките се шетал во тренерки со логото на истиот производител на спортска опрема.
Триото кое што носеше „Најк“ ќе плати по 10 илјади евра, а клубот најави дека парите ќе бидат доделени за хуманитарни цели.