Мекиќ: Очекувам победа над Швајцарија која ќе нé однесе во следната фаза

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ, посакува на вечерашниот меч од мундијалските претквалификации со Швајцарија, да биде пресликана играта од дуелот со Словачка на кој црвено-жолтите забележаа убедлив триумф.

-На првиот натпревар (против Швајцарија) влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе нé однесе во следната фаза. Во вториот меч (со Словачка) влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот, изјави Мекиќ.

Средбата ќе се игра од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он