„Qwant“ – нов интернет пребарувач од Франција

Од:

Франција од синоќа го пушти во употреба новиот Интернет пребарувач „Qwant“, замислен како достоен конкурент и можен заменик на „Гугл“.

Оригинално кај новиот пребарувач е тоа што по пребарувањето на одредна тема резултатите се подредени во неколкукатегории, како што се заеднички референци, интернет страници, новинарски страници, социјални мрежи и страници за Интернет трговија, што го содржат бараниот термин.

Над петте категории се наоѓаат и видео записи што го содржат бараниот термин.

– Човек треба да е луд, да сака да го замени Гугл. Тоа е невозможно, затоа ние одлучивме да направиме нешто поинаку, да понудиме поинаков пребарувач, што не е само пребарувач, изјави Ерик Леандри, од компанијата што стои за новиот пребарувач „Qwant“.

Пребарувачот беше во фаза на тестирање од февруари годинава. Конечната верзија е достапна на 25 јазици во 15 земји. Во четиримесечниот тест период „Qwant“ привлече 3,5 милиони посетители и регистрира 250 милиони пребарувања.

Според Леандри 70 проценти од посетителите повторно се враќаат на пребарувачот по првата посета.

Пребарувачот моментално има 20 вработени, а финансирањето изнесува 2,8 милиони евра. Компанијата е регистрирана во Франција, бидејќи серверите се лоцирани во Франција, а 80 проценти од капиталот е обезбеден од нејзините француски основачи.

Би можело да ве интересира

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он