(ВИДЕО) Членови на ДОМ бараат оставка од Морачанин: Ја киднапираше и уништува партијата

Од:

Членови на ДОМ, побараа Маја Морачанин да си поднесе оставка од претседателската функција во партијата. Тие сметаат дека Морачанин не спроведува зелена агенда, туку дека заедно со раководството кое го нарекуваат „елитистичко друштво“, таа ја киднапирала партија за одработувајќи за туѓи интереси да ја уништи. Ако Морачнин не си замине од функцијата, тие ќе го замрзнат членството во партијата, бидејќи барањето за вонреден конгрес им беше отфрлено пред неколку месеци.

„Ние зелените од 17 општински организации на ДОМ се дистанцираме од недемократските одлуки и постапки на раководството на ДОМ и претседателката Маја Морачанин. Повикуваме на оставка од Маја Морачанин, како најодговорна на уништување на единствената зелена партија на Македонија. Јасно и гласно изјавуваме дека нашето дистанцирање е поради недемократските, нестатутарните и нечовечките постапки на Маја Морачанин и елитистичкото друштво кое ја киднапираше зелената партија. Тоа друштво повеќе не ги застапува зелените интереси и зелените политики. Тоа друштво одработува за нечии интереси и се труди ДОМ како зелена партија целосно да ја уништи“, рече Ристенка Алтипармаковска, советник во општина Битола.

Од членовите има обвинувања дека Морачанин покрај разрешувањето на Ана Петровска откако таа побара вонреден конгрес, сега како одмазда дели откази и на вработени кои не се согласуваат со нејзините ставови.

„Маја Морачанин со актуелното раководство се само лица, поединци без поддршка од општинските организации на партијата. Истите, се интересираат само да приграбат нови позиции, жестоко се пресметуваат со некој неистомисленик, да го отстранат, разрешат и игнорираат. Започнаа со игнорирање на иницијативата за демократизација на партија зад која застанаа мнозинството членови на Централниот одбор и 2/3 од општинските организации. Потоа, нестатутарно, со фантомски гласачи ги разрешија од потпретседателска функција, Ана Петровска и Мирослав Богдановски, лица кои се признати борци против загадувачите. Потоа, излобираа и разрешување на Ана Петровска од директорската позиција во Инпсекторатот за животна средина. Не останаа само на тоа, преминаа кон делење на откази за лица кои не се согласуваат со нивните нестатутарни и недомкратски дејства. На улица оставаат лица со врвни резултати во нивното професионално работење, вршат на мобинзи, делат откази на лица кои се поддржувачи на инцијативата за демократизација на партијата“, додаде таа во име на ицијативата.

Оставката ја бараат од општинските организации на ДОМ во Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Пробиштип, Дојран, Ѓорче Петров.

„Од Маја Морачанин бараме оставка. Нашуштија Маја зелената партија на Македонија, не ја уништувај единствената зелена партија на Македонија. Судејќи според реакциите од разрешувањето на Ана Петровска се гледа дека на демократската јавност и е кристално јасно дека се работи за лажни демократи и лажни зелени. Барањето за оставка доаѓа од 17 општински организации на ДОМ“, потенцираше Алтипармаковска.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Морачанин: Измените на Кривичниот законик не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

Горан Наумовски

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ

Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ

Морачанин: Не очекувам договор на лидерската бидејќи се бараат гаранции за промена на Уставот

Кристијан Ландов