ЦУК: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола

Од:

Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот.

Оттаму нагласуваат дека според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола, а во текот на денов ќе се догасува на ризичните места.

-Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во село Раовиќ, Општина Сарај, а со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на запалена дабова шума во село Дивље и местото викано Крушје во Општина Петровец. Овој пожар беше и кај село Џидимирци, Општина.Велес, каде е локализиран, соопшти ЦУК.

Во Општина Прилеп, се додава во соопштението, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек. Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.

Пожар има и во атар на селата Жељувино и Дренок во Општина Старо Нагоричане. Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема оган и пламен, само има чад.

Би можело да ве интересира

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Масовни евакуации во Канада поради пожари: Повеќе од 17.000 луѓе ја напуштаат Манитоба

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари

А1он

(ВИДЕО) Израел прогласи вонредна состојба, пожарите се шират, се зголемува бројот на повредените

Горан Наумовски

Хамас повика на подметнување пожари во Ерусалим и на Западниот Брег

(ВИДЕО) Израел се бори со огромни пожари, постои сомневање за тероризам, уапсени се неколку лица