Кошаркарската репрезентација на Словенија рано утрово ја победи Германија со 94:70 и стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио.
Најефикасен играч на натпреварот беше Зоран Драгиќ, кој постигна 27 поени, Лука Дончиќ запиша 20 поени и 11 асистенции.
Во полуфиналето Словенците ќе играат со победникот од натпреварот Италија – Франција.
Веќе се игра натпреварот Шпанија – САД, а последната четвртфинална двојка ја сочинуваат Австралија и Аргентина.