Вучиќ: Во наредните два месеци потпишување на договор за брзата пруга Белград-Прешево

Од:

Дека последните анализи се во тек пред потпишување на рамковниот договор за изградба на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил. Иако изградбата на таа модерна железничка делница, каде возовите би се движеле до 200 километри на час, повеќе пати е најавувана, датумот на почетокот на работите се уште не е познат. Она што е најавено сепак е нејзиниот завршеток – почеток на 2026 година.

-Последната анализа пред потпишувањето на рамковниот договор за изградба на брзата железница Белград – Ниш – Прешево, изградба на нови делници од пругата во Србија, како и модернизација на постојните. Железничкиот сообраќај е дел од зелената агенда на модерна Европа, но и дел од економијата која забрзано придонесува за раст. Во следните 2 месеци очекуваме големи договори за нашата земја – соопшти претседателот на Србија на својот Инстаграм налог.

Изградба на брзата пруга од Белград до Ниш и Прешево до границата со Северна Македонија, Вучиќ ја најави на крајот на април за време на посетата на Брисел. Како што изјави тогаш, тој проект ќе биде делумно финансиран од европски фондови со најмалку 35 отсто учество, а неговото завршување го најви за почетокот на 2026 година.

-Ни се брза, бидејќи Србија мора да достигне чекор со развиената Европа, а целата нација да ја потсетиме на фактот дека возовите постојат во Србија, дека се почисти и поубави од било кога, и дека пругите ќе ни бидат модерни и побрзи. Да живее Србија – напиша Вучиќ.

Вучиќ недоамна кажа дека со изградбата на таа пруга, Ниш ќе стане апсолутен центар на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија