(ВИДЕО) ОИ: Светски рекорди на Дресел и британската „микс“ штафета

Од:

Американскиот пливач Кејлеб Дресел го освои своето трето злато на Олимписките игри во Токио, а второ во поединечна конкуренција, триумфирајќи во трката на 100 метри пеперутка со време на нов светски рекорд (49:45 секунди).

Сребрениот медал во истата дисциплина го освои Унгарецот Криштоф Милак, постигнувајќи, притоа, нов европски рекорд (49:68), додека бронзата му припадна на Ноа Понти од Швајцарија.

Претпоследниот ден на пливачките натпреварувања на Олимписките Игри донесе уште еден светски рекорд, кој го постигна штафетата на Велика Британија во трката на 4×100 метри мешано.

Британската „микс“ штафета во состав Кејтлин Доусон, Адам Пити, Џејмс Гај и Ана Хопкин ја исплива трката со време од 3:37.58 минути и за 83 стотинки го подобри досегашниот рекорд на кинеската штафета. Среброто и припадна на Кина, додека бронзениот медал го освои австралиската штафета.

Би можело да ве интересира

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио

Парадата на спортисти започна на свеченото затворање на Олимпијадата во Токио

А1он

Македонскиот борач Нуров остана без олимписки медал

Николов и Начевски ќе го судат ракометното финале на Олимписките игри

Катерина Ѓуровски