Наградата за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски зголемена на 42 илјади евра

Од:

Премиерот Зоран Заев се сретна со носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски.

На средбата, како што информираат од прес службата на Владата, премиерот Заев му се заблагодарил на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакнал дека Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.

За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите.

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од Владата и 600.000 денари од Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Теквондистот Георгиевски освои бронза на „Президент купот“ во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Георгиевски и Акиевска најдобри македонски спортисти за 2021

А1он

Дејан Георгиевски најуспешен спортист на Скопје за 2021 година

Катерина Ѓуровски

Град Скопје ќе му додели 5.000 евра на олимпискиот медалист Георгиевски

Жарко Настоски

Георгиевски се врати дома: Овој успех не е само за мене, туку за цела Македонија

Жарко Настоски

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Ана Ололовска